Почетна / Забава / Поради трагедијата, одложени трите концерти на Здравко Чолиќ

Поради трагедијата, одложени трите концерти на Здравко Чолиќ

Трите концерти на Здравко Чолиќ во Скопје кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март се одложени поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа најмалку 59 луѓе. Владата прогласи седумдневна жалост.
„Ве известуваме дека претстојните концерти на Здравко Чолиќ во Скопје се одложуваат. Ве замолуваме, пред сѐ, да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, а следниот понеделник, по завршувањето на деновите на жалост, ќе објавиме повеќе информации за овие концерти“, вели организаторот „Мк тикетс“.
Првите два концерта на Чолиќ со симфониски оркестар требаше да се одржат во салата „Борис Трајковски“, а третиот на 21 март во салата „Јане Сандански“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Flowers Symphony“ повторно во Битола и Охрид со повеќе од 100 учесници

Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“, и ова лето ќе ѝ …

error: Содржината е заштитена!