Почетна / МК Сцена / Јавните личности зборуваат за 2012. година

Јавните личности зборуваат за 2012. година

 

Телевизиските личности се оние коишто се причина за долгогодишното постоење на овој сајт, затоа тимот на ТВ Пакет одлучи со нив да ја заокружи годината што полека изминува. Продолжуваме да се занимаваме со оние коишто творат, работат и живеат за телевизијата. Денеска разговаравме со Кристијан, Јана, Денис, Јоце, Игор, Васко, Столе и Исмаил. Да видиме кои беа моментите од нивните животи годинава коишто заслужија да се запомнат. Вчерашните изјави за 2012. година можете да ги прочитате тука.

 

Телевизиските личности се оние коишто се причина за долгогодишното постоење на овој сајт, затоа тимот на ТВ Пакет одлучи со нив да ја заокружи годината што полека изминува. Продолжуваме да се занимаваме со оние коишто творат, работат и живеат за телевизијата. Денеска разговаравме со Кристијан, Јана, Денис, Јоце, Игор, Васко, Столе и Исмаил. Да видиме кои беа моментите од нивните животи годинава коишто заслужија да се запомнат. Вчерашните изјави за 2012. година можете да ги прочитате тука.

 

 

КРИСТИЈАН СТЕФАНОВСКИ
План Б
Годинава ќе ја паметам како успешна на многу полиња. Овогодинешното издание на фестивалот „МакФест“, веста дека ќе ја претставуваме Македонија на „Еврвозија 2013“, успешно организираниот „Scream Festival“. Тука се и концертот на големиот Раде Шербеџија, како и анплакт концертот на ДНК.

 

ЈАНА КОЦЕВСКА
уредник
2012. ќе ја паметам по многу нешта, особено на професионален план. Едната од нив секако е успешното развивање во голем бренд на „Екстра Ексклузив“, особено затоа што емисијата стана број еден со само двајца новинари и еден водител. „Екстра Ексклузив“ е мојата најголема љубов и ми се секако омилени – затоа што во нив вложив многу енергија, многу труд и многу надеж и верба која за само една година беше оправдана. И, иако пред самиот крај на годината, морам да ја споменам и емисијата „Најди време“ со Дани и Драги и повторно со само двајца водители-новинари. „Најди време“ е сеуште на почеток и допрва  треба да се развиваме, но ете ја издвојувам поради вербата дека ќе го постигне истиот успех како „Екстра Ексклузив“, секако тоа треба да се потврди во наредната 2013.

 

 

ДЕНИС МУРАТ
пејач
Успешна година со освоеното трето место на „Охрид Фест 2012“, „Сунчане скале 2012“, престижот да бидам повторно на „Макфест 2012“, реализацијата на спотот за Сонувам, љубовта, вербата за подобро утре, како и спотот за Ти си песната кој беше промовиран на „Сунчане скале“

 

 

ЈОЦЕ ПАНОВ
пејач
2012. година ми беше многу плодна, ќе ја паметам најмногу по мојот албум „Огнени печати“ кој излезе во Македонија преку Носталгија Рекордс, и албумот „Ватрени печати“ и кој излезе преку Сити Рекордс во Белград, за Србија, Црна Гора и Босна, а се работеше во Хрватска со Миро Буљан, Соња Буљан, Антонија Шола, Кемал Монтено и други. А, и по соработката со југоисточен плански регион на Македонија и спотот за Љубовна религија.

 

 
ИГОР СТЕФАНОВСКИ
План Б
2012. ќе остане запаметена како особено успешна година. Покрај бројните концерти кои беа организирани од План Б продукција, оваа година ја одбележа уште едно успешно издание на фестивалот „Макфест“, манифестацијата која обезбеди големи музички хитови што ќе се слушаат не само следната година, туку и во годините што доаѓаат. Не можам, а да не го споменам концертот на Раде Шербеџија во Универзалната сала. Скопје уживаше во добра атмосфера и незаменливиот Шербеџија. Во однос на приватниот живот, годинава ја одбележаа многу радости и убави моменти. Не изостанаа ниту патувањата.

 

ВАСКО СПАСОСКИ
новинар
2012. година за мене беше досадна година. Зборувам за на професионално поле. Не се случуваше ништо посебно, не барем она што мене ми треба, а тоа се трачеви и скандали. Спека кон крајов на годинава се израдував со веста дека тужбата која ме „мачеше“ три ипол години конечно заврши, односно пресудата е во моја полза, па така тие 100.000 евра што ми ги бараа да ги платам како казна, ми останаа на сметка (се смее). Инаку, на приватно поле, ништо особено не се случуваше, освен тоа што запознав личности кои мислам дека уште долги години ќе бидат дел од мојот живот.

 

 

СТОЛЕ МИЛАДИНОВСКИ
стилист
2012. година ќе ја паметам по успешните проекти кои ги имав на професиоанален план. Бев дел од екипата што работеше на најновиот филм со Лабина Митевска – „Жената што си ги избриша солзите“, по емисиите кои сеуште се во тек за комплетна трансформација „Комплетно нова“, проектот на кој бев стилист на една многу успешна шпанска актерка и оперска пејачка Викторија Абрилм, како и многуте фотосесии и помали проекти. На приватен план ќе ја паметам по многуте желби кои сам си ги остварив и овозможив да не бидат веќе мој сон. По запознавањето на многу позитивни и искрени луѓе кои ја задржуваа насмевката на моето лице, и за крај по купувањето на мојот нов автомобил кој ми овозможува безбедно и на време да си ги завршам сите обврски како на приватен така и на професионален план.

 

НАСЕР ИСМАИЛИ
фотограф
Во професионалниот живот имам околу педесетина фотосесии со познати фаци, воглавно пејачи и пејачки, и соработки со магазини во Македонија и во Косово. Веќе реализиравме две клипчиња-скечеви кои го привлекоа вниманието на публиката. За приватниот живот немам нешто посебно да додадам, прилично среќна година, еве веќе на почетокот на 2013. сме подготвени да реализираме уште 10-тина скечеви кои се кратки, по околу три минути. Тоа е мојот живот, тоа е она коешто ме прави среќен.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартија на жешко столче – зборува за односот со Антониа Гиговска

Во новата епизода од подкастот Жешко Столче, гостинка е Мартија Станојковиќ. Зборува за односот со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!