Почетна / МК Сцена / „Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш
каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“

…се првите стихови од новата, полна со емоции, песна на дуетот на таткото и ќерката, Лазар и Елена Наумови, а насловена како Година по година.

Лазар и Елена, подолг период се присутни на нашата музичка сцена пред се како членови на групата „Бумбари“ од Штип каде со своите роднини имаат бројни настапи во Македонија и надвор од земјата. Имаат реализирано голем број студиски снимки како и настапи на фестивалските сцени. Лазар и Еленеа за прв пат снимаат дует песна и тоа со содржина во која е опишан вистински дел од нивниот живот, но ведно и животот на голем број наши семејства.

Автор на текстот и музиката е Ристо Самарџиев, кој во музиката и авторството е попознат и поприсутен во некои поинакви музички води, но според него музиката не познава жанрови, и таа се разликува само по квалитетот и се дели на посебна, добра и помалку добра.

Композицијата е снимена во Студиото на Цане Петров кој го изработи и аранжманот за оваа песна.

“Година по година” на силен и емотивен начин ја испраќа пораката дека сите кои плланираат да заминат или пак заминале од својата земја или од својот дом, да не го заборават гнездото во кое растеле и да не ги заборават своите корени.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!