Почетна / Забава / Евровизија / Југословенска вечер на „Евровизија 2012“

Југословенска вечер на „Евровизија 2012“

Еуфоријата на поранешните југословенски простори за втората полуфинална вечер на „Евровизија“ е видливо поголема, бидејќи оваа вечер меѓу другите земји, настапуваат Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Недостига само Црна Гора за Југославија на некој начин повторно да биде цела, но таа настапи во првата полуфинална вечер. Нашата Калиопи ќе настапи втора по ред, и посакуваме многу среќа и се надеваме дека ќе не однесе во големото финале. „Кристалната сала“ во Баку е подготвена, а исто така и изведувачите на 18-те земји учеснички. Со почеток од 21 часот на Македонската радио телевизија го гледаме второто полуфинале од најочекуваниот фестивал во годината, и се разбира, навиваме за Калиопи!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега 15 европски земји го потврдија учеството на Евровизија 2026

Неполн месец по победата на JJ со Waisted love, Австрија по трет пат ќе биде …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!