Почетна / Филм / 94-то доделување на Оскари ќе се емитува на МРТ 1 на 27. март

94-то доделување на Оскари ќе се емитува на МРТ 1 на 27. март

Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 94-то доделување на Оскарите в недела, 27-ми март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2021 година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ 10, а поседум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.


На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите.
Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс првпат ќе бидат водителки на Оскаровската церемонија.


Годинава идејата на Оскаровското шоу е да се обединат љубителите на филмот. Затоа и поканивме три од најдинамичните, забавни жени со многу различни стилови во комедијата“, изјави продуцентот на шоуто Вил Пакер.
Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд®, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Отпор”, биографска воена драма во саботната вечер на Телма

сабота, 1 јуни 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот – Отпор Сè што Марсел Марсо …

error: Содржината е заштитена!