Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Телма ве носи на егзотични патувања со тајните на риболовот

Телма ве носи на егзотични патувања со тајните на риболовот

Прекрасниот свет кој ќе го запознаеме преку многу патувања доаѓа на телевизија Телма. Документарната серија се снимаше на многу егзотични локации, преку кои не само што ќе ја доживеавме убавината на земјите, туку и ќе запознаеме различни видови риби и начини на нивно ловење.

За разлика од многу други риболовни емисии „The Fishing World“ е снимен во вистинска документарна форма, што значи дека нема дополнително снимање, нема пишани приказни за чудовишта, туку вистинити приказни за тоа што навистина се случувало во текот на петте години од снимањето на серијата. Музиката што се изведува во серијата е важен дел од шоуто со цел да се нагласи динамиката на сегментите на шоуто.

Тука нема чудовишта, туку само бистра вода за сите. Материјалот е снимен е во HD, па ќе можете да уживајте во прекрасниот свет на патувањето и риболовот. Сабота и недела во 14.15 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумба: „Не можам да најдам алишта, не ме фрустрира тежината, туку понудата”

„Нешто конкретно” оваа недела со тема – комплекси. Како се излегува на крај со искомплексираните …

error: Содржината е заштитена!