Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 8-иот ден

Срвајвр – пресек на 8-иот ден

Додека Борука ужива во слободниот ден, во риболовот и читањето, Матамбо се подготвува за уште еден Племенски совет. После повеќечасовната борба која Александра ја водеше со себе, таа се враќа во племето со надеж дека овој пат ќе се вклопи во друштвото. За тоа време момците уживаат во длабочините и ловат морски плодови. Во Матамбо е прилично мирно со оглед на тоа дека ги очекува Племенскиот совет. Кристина на сите им раскажува како поминала во потрагата на племенскиот совет, но речиси никој не и верува дека таа навистина не го пронашла имунитетот.

 

 

Пресек на 8-иот ден

Ноќта паѓа, а испрашувачките погледи на Андрија и Маријана го отвораат и вториот племенски совет. Миа тврди дека племето е здружено против неа и тоа на чело со Марко. Таа почнува да се расправа со Мартина, а потоа и со Кристина. Маја Лена, нејзината ќерка, исто така не се согласува со тврдењата на Миа, целото племе смета дека таа е лоша жена, па така нивните гласови ја бркаат неа од Матамбо.

 

Јелена не е воодушевена од својата нова цимерка, додека Миа се обидува да направи некаков дијалог со неа, Јелена постојано ја игнорира што е предзнак за тоа какво ќе биде нивното дружење на тој остров.

 

Следниот пресек на денот го гледаме дури во понеделник на Сител.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!