Почетна / Забава / Евровизија / Македонија во второто полуфинале на Евровизија

Македонија во второто полуфинале на Евровизија

 

Денеска во Копенхаген, Данска, се одржа ждрепката за двете полуфиналиња на Евровизија 2014.

Македонија ќе настапи во второто полуфинале и тоа во втората половина, а дополнително ќе биде одредено под кој реден број ќе настапи Тијана. Во ова полуфинале заедно со нас ќе настапи и Словенија исто така во втората половина од ова полуфинале. Добрата вест е дека во ова полуфинале нема голем број на земји од поранешниот Советски Сојуз, а има земји кои досега редовно и давале поени на Македонија во полуфиналето.

 

 

Исто така во ова полуфинале ќе настапат и помалку земји вкупно 15, а во првото настапуваат вкупно 16 земји, тоа значи дека од вкупно 15 земји, 10 влегуваат во големото финале, а само 5 земји го завршуваат натпреварувањето во полуфиналето.

Оваа година вкупно 37 земји ќе се натпреваруваат во Данска, а на Евровизија се враќаат Полска и Португалија. Информацијата дека 12 земји се откажале оваа година е целосна дезинформација, од Евровизија од различни причини оваа година учеството го откажаа балканските земји Хрватска, Србија, Бугарија и островот Кипар. Босна и Херцеговина и минатата година не учествуваше исто како и Турција кои очигледно се во заеднички договор да го бојкотираат фестивалот. Се претпоставува дека главна причина за откажувањето на некои земји е слабиот пласман (односно некои не можат да се помират со тоа што не влегуваат во финале), а не финанскиските проблеми бидејќи Грција повторно годинава ќе се натпреварува.

Карактеристика на денешната ждрепка:
Во првото полуфинале настапуваат дури седум земји од поранешниот Советски Сојуз, а само една од поранешна Југославија, тоа е Црна Гора. Скандинавските земји се подеднакво распределени во двете полуфиналиња, во првото се Шведска и Исланд, а во второто Норвешка и Финска.


Големата петорка и домаќинот Данска ќе ги дадат своите гласови на следниот начин:
Во прво полуфинале гласаат Данска, Шпанија и Франција.
Во второто полуфинале гласаат Италија, Германија и Велика Британија.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …

error: Содржината е заштитена!