Почетна / Забава / Принцот Мехмет условен да ослабе 8 килограми

Принцот Мехмет условен да ослабе 8 килограми

 

Згодниот турски актер Гурбеј Илери, кој моментално е актуелен со улогата на Мехмет во серијата „Величествениот“, открива дека неодамна за потребите на својот лик морал да ослабе дури 8 килограми. Со оглед на тоа дека Гурбеј, пред ангажманите во познатата турска теленовела, се бавел со манекенство и кошарка, вели дека не му било тешко да се ослободи од килограмите.

„Се грижам за својот изглед, вежбам секој ден, внимателно ја одбирам храната, а кога се работи за негата околу лицето и косата, често барам помош од машката козметика. Користам дневна и ноќна крема, за да ја хидрирам кожата, затоа што работата со којашто се занимавам навистина исцрпува. Претходно професионално се занимавав со кошарка, играв за најголемите домашни клубови, но принцот Мехмет, сепак е мојот поголем предизвик“, вели актерот што ја толкува улогата на најголемиот син на Хурем-султан.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славенички концерт на „Бијело дугме” на 12 април во Скопје

Најистакнатиот и највлијателниот рок бенд од поранешна Југославија „Бијело дугме”, прославува 50 години од своето …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!