Почетна / МК Сцена / Промовирана „69 страници за младината“ на младиот Гоце Ангелески

Промовирана „69 страници за младината“ на младиот Гоце Ангелески

 

 

„69 страници за младината“ е насловот на првенчето на младиот и надежен автор, Гоце Ангелески, од Прилеп. Промоцијата на оваа книга се одржа во кафе барот „Арт Кафе Апореа“ на 11ти овој месец. Книгата која содржи 35 различни наслови кои говорат за денешната младина и начинот на кои тие го живеат нивниот живот, конечно го виде светлото на денот.

„35 различни наслови на ниско интелектуални и слабо вокабуларни „бајки и басни“ кои можат да бидат сфатени од страна на главата со било каков процент на интелектуален капацитет. Меѓу другото, по некоја сувопарна реченица, а за мезе, младина со широка зеница.“ вели авторот Гоце Ангелески за неговата прва книга, и додава: „ Книгата е благокомична проткаена со сарказам и иронија“.

 

Читателите кои имаат поразличен вкус на книги, и кои сакаат да побегнат од романите со љубов, драма и замки можат да се ослонат на оваа мала но многу реална книга од 69 страници која можат да ја порачаат онлајн преку веб порталот Kupikniga.mk и да уживаат во она што Гоце Ангелески го пренесол на хартија.

 

 

Баже Николоски | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!