Почетна / Серии / Руските серии „Црвени планини“ и „Достоевски“ на Телма

Руските серии „Црвени планини“ и „Достоевски“ на Телма

 

Две нови руски приказни на Телма

 

Од вторник на програмата на Телма телевизија започнува новата руска серија “Црвени планини”. Се работи за историска авантура во 12 продолженија, која ќе се емитува секој работен ден во 21.15 часот, заменувајќи ја австралиската крими драма “Ниски удари”.

 

 

Дејството започнува во Владивосток во 1920 година. Две мали дечиња, едното сираче израснато од јапонски офицер, другото син на војник, се големи пријатели и браќа, и приватно и во Граѓанската војна. Но со текот на годините, и двајцата ќе заборават на братството кога ќе се вљубат во иста девојка, убавата Зенија. Нивното пријателство ќе биде растурено поради нивните различни амбиции и и верувања, а нивната иднина ќе биде водена од вредностите на општеството.

 

 

Аркадиј, синот на војникот, станува нацистички шпион и ќе прави се’ за да си го спаси сопствениот живот во војната, а пак Илија, сиракот растен од јапонскиот офицер, започнува борба против таквиот воен и нацистички режим, која ќе ја води дури и кога ќе биде заробен во концентрациониот логор.

 

 

Освен оваа руска серија, на Телма телевизија секоја сабота и недела во 21.30 часот се емитува уште една руска серија која започна минатиот викенд. Се работи за “Достоевски”, серија која го прикажува парадоксалниот живот на познатиот Фјодор Достоевски, од осудата на смртна казна, до деновите поминати работејќи на романот “Браќа Карамазови”, па се до неговтаа борба со системот, финансиските проблеми во кои западнал, восхитот кај книжевните кругови и приватниот живот со трите жени.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!