Почетна / МК Сцена / Италијанскиот бенд со британски вкус – „New Candys“ во Скопје!

Италијанскиот бенд со британски вкус – „New Candys“ во Скопје!

Новата, прогресивна музичка сензација, алтернативниот италијански бенд „New Candys“, доаѓа во Скопје!
На 24 јануари во Младинскиот културен центар во 21 часот, во организација на издавачката куќа „Ротко“ – „New Candys“ ќе донесат инвентивна фузија од психоделија и пост-панк, инди со британски вкус, дарк со „замаглен“ поп, звук кој потсетува на легендарните „The Stooges“, „The Jesus And Mary Chain“ и „Primal Scream“, но во истовреме, звук кој носи уникатност и инспиративност.

Бендот доаѓа од Венеција и е формиран во 2008 година. Критиката е едногласна и ќе каже дека: Фернандо Нути – вокал и гитара, Андреа Волпато – гитара, Алесандро Боскиеро – бас и Дарио Лучези – тапани и перкусии, особено се силни во нивните живи изведби и прават фантастична концертна атмосфера.
Нивниот прв студиски албум „Stars Reach The Abyss“ го објавија во 2012 година, а продуциран од влијателниот британски продуцент Џон Астли, ги однесе на турнеја низ Англија и Италија. Песната „Meltdown Corp.“ беше вклучена во годишната компилација „The Reverb Conspiracy“. Вториот албум го издадоа во 2015 под наслов „As Medicine“ кој го однесе бендот три пати на турнеја низ Европа, а турнеите продолжуваат и со третиот и последниот албум „Bleeding Magenta“ издаден во 2017. Изминативе неколку години, „New Candys“ ги освоија и Австралија, САД и Мексико. Некои од нивните песни се искористени во познатата американска ТВ серија на „Шоутајм нетворкс“ – „Бесрамни“.

Домашна поддршка на „New Candys“ ќе бидат фантастичните „Beam Experiment“ – проект на „The Local Bue“. Станува збор за свеж, експериментален рок-состав од Скопје, кој негува неограничени музички форми, и со импровизирање го развива творечкиот процес кој резултира со нивниот уникатен соничен израз.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!