Почетна / Телевизија / Бојана се враќа со втора сезона на „Улица Македонија“ на Сител 3

Бојана се враќа со втора сезона на „Улица Македонија“ на Сител 3

 

Сабота, 17 часот – Сител 3 телевизија

 

Забавната емисија “Улица Македонија” по летната пауза, се враќа со нова сезона на малите екрани. Се работи за емисија на Сител 3 телевизија, чија водителка е поп пејачката Бојана Скендеровски. Во секоја емисија, секоја сабота точно во 17 часот, во еден староградски амбиент со нежна и топла музика, Бојана ќе ги пречекува новите гости и низ разговорот во студиото, гледачите ќе дознаат интересни детали од животите на познатите.

 

 

За новиот почеток, авторите на проектот велат : “Како што ветивме во новата сезона ќе има многу незаборавни емисии, многу музика, дружење со интересни гости и нивните интересни приказни, подароци за вас гледачите и многу повеќе забава за да ги исполниме вашите очекувања и да го задржиме вашето внимание..”

 

 

Инаку ова не е прв телевизиски ангажман на Бојана, која кариерата ја започна преку талент аудициите на М2. Пред неколку години беше дел од емисија за автомобилизам, а лани слична емисија со гости водеше и на Алфа телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шеф Никола од „Брза кујна“ со весела свадбена журка

35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата …