Почетна / Сапуници / За празнична магија и сентименталност – „Ветување” во 18.45 часот

За празнична магија и сентименталност – „Ветување” во 18.45 часот

Од понеделник (28 декември), познатата политичка дебатна емисија “Само вистина” оди на празнична пауза, а во деновите без политика, стресови и кавги, Канал 5 ќе ја емитува романтичната турска серија “Ветување” во продолжено времетраење.

Од 18.45 часот до 21 часот, гледачите на Канал 5 ќе може да се разнежнат за време на празниците со оваа чувствителна љубовна приказна за Рејхан и Емир, која неколку месеци се емитува на оваа фреквенција.

Ќе успее ли срцето на Емир конечно да омекне пред кревката душа на неговата мила сопруга? Ќе попушти ли леденото срце на бизнисменот за време на празничните мигови со семејството?

Ќе може ли таа да ги надмине сите навреди и понижувања од сопругот и свекрвата во име на љубовта кон него и заедничката иднина?

Од понеделник до петок во 18.45 часот, смирете ги емоциите со нежната приказна “Ветување”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

error: Содржината е заштитена!