Почетна / Забава / Отворен „Парк Хотел и Спа“, домашна инвестиција од 15 милиони евра

Отворен „Парк Хотел и Спа“, домашна инвестиција од 15 милиони евра

 

Петнаесет милиони евра изнесува инвестицијата во денеска отворениот „Парк Хотел и Спа“ во Градскиот парк во Скопје до брегот на Вардар.

Станува збор за домашна инвестиција на  компанијата „Гемак“, со која се отворени 100 работни места.  Располага со 80 луксузно уредени соби, спа центар, фитнес сала, бар и ресторан.

Со инвестицијата во хотелот, како што рече сопственикот на „Гемак“ Енвер Малиќи, компанијата одбележува 25 години од основањето и успешното работење во Македонија и регионот.

– Горди сме на „Парк Хотел и Спа“ бидејќи преку него воспоставуваме нови повисоки стандарди во хотелиерството, што ќе поттикнат развој во овој сегмент во Македонија. Токму затоа одлучивме да градиме сопствен хотелски бренд наместо да одиме до полесниот пат и да одиме под името на некој од светските хотелски брендови, рече на свеченоста Алтин Малиќи, сопственик на „Парк Хотел и Спа“.

Локацијата на хотелот, според инвеститорот, е дополнителен адут и им овозможува на посетителите да бидат опкружени со прирорна средина, а да се блиску до центарот на градот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александра Радовиќ на 6-ти април во „Македонска филхармонија”

Маестралната Александра Радовиќ на 6-ти април доаѓа во Скопје, каде што ќе одржи ексклузивен концерт …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!