Почетна / Сапуници / Најголемиот турски адут – хитот „Парампарче“ доаѓа на Сител

Најголемиот турски адут – хитот „Парампарче“ доаѓа на Сител

 

Новиот турски мега хит стартува и во Македонија

На самиот старт на есента, на Сител телевизија започнува турската хит серија “Парампарче”. Се работи за серија која стана една од најгледаните било кога емитувани во Хрватска, Бугарија, Албанија, бившите советски републики и во арапскиот свет.

 

 

Оваа есен и Македонија се придружува на останатите земји кои ја емитуваат оваа играна серија која буквално направи парампарче каде и да се емитува.

Главните актери ги толкуваат едни од најголемите турски актерски имиња – Еркан Петекаја (“Бурни времиња”, “Дила”) и Нургул Јесличај (“Љубов и казна”), во улогите на Ѓулсерен и Џихан.

 

 

Освен интригантната приказна и одличната актерска екипа, серијата ја карактеризира и високобуџетната продукција во која е вклучена врвна екипа. На продукцијата работеле по 130 луѓе, во постојани улоги се појавуваат околу 30 глумци, во споредни улоги околу 20, статисти со број над 300, а во секоја епизода може да се забележат околу 27 различни локации на снимање. Покрај главните локации кои ги вклучуваат куќата на Ѓулсерен и луксузната отоманска вила на Џихан покрај Босфорот, се користеле уште 14 дополнително изградени сетови, а се снимало и во бројни паркови во Истанбул, ресторани, болници, затвори.

 

“Парампарче” е сторија за две несреќни судбини чии два различни света повторно ќе се вкрстат; од една страна е светот на сиромашната и самохрана мајка, а од друга несреќниот свет на богатиот и оженет бизнисмен.

Ова е неверојатна приказна за тешките одлуки и изборите кои треба да ги направи родителската љубов. Приказна за судбината која го спојува она што одамна е скршено. Во борбата за вистината и во големото страдање, ќе може ли Џихан и Ѓулсерен да ја откријат својата среќа?

 

 

Ќе може ли да се засака друга мајка, освен онаа со која сме израснале? Што е подготвена една мајка да направи во име на љубовта кон своето дете?

Останете со ТВ Пакет и во следниве денови, дознајте ја содржината на “Парампарче”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!