Почетна / Телевизија / Промена во терминот на емитување на вечерните вести на Телма

Промена во терминот на емитување на вечерните вести на Телма

 

15:30, 18:30 и 21:30 часот – термини за вести на Телма

 

Од 19-ти септември, со новата телевизиска сезона на Телма, доаѓаат и промени во термините на информативните изданија на оваа телевизија. 15.30 часот и 18.30 часот остануваат како и досега за термини на Вести, но наместо од 22.30, вечерните вести ќе се емитуваат во 21.30 часот.

 

 

Она што започнува на 19-ти септември е и новата сезона на политичко-дебатната емисија “Топ тема” и тоа во 19.15 часот. За емисијата веќе информиравме дека покрај Александар Чомовски, Снежана Лупевска Созен и Боби Христов, во тимот водители-новинари, се придружува и Оливера Трајковска.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ со опомена до Сител и Канал 5 за емитувани телешопинг спотови

По добиено известување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, за емитување незаконски аудиовизуелни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!