Почетна / Телевизија / Пинк изненади – промени и во жирито на омилените „Ѕвездички“

Пинк изненади – промени и во жирито на омилените „Ѕвездички“

 

Хари и Милан си замиинуваат од “Пинковите ѕвездички”

 

Промени и во жирито на третата сезона од мегапопуларното “Пинк ѕвездички”. Пинк телевизија одлучила дека во новата сезона на шоуто, столчињата на кои седеа Хари Мата Хари и Милан Станковиќ треба да ги завземат нови момци.

 

 

Па така за судбината на талентите во шоуто наместо Милан и Хари ќе одлучуваат црногорскиот пејач Сергеј Цетковиќ и Александар Цветковиќ – Сале, фронтменот на групата Тропико Бенд.

Сале е познат за гледачите и по тоа што неколкупати беше заменски член на жирито во минатите сезони кога отсуствуваше некој член од жирито, а сега станува редовен член на составот.

 

 

За Сергеј останува да видиме како ќе се покаже во оваа улога, но за фановите на шоуто нема да биде исто без Милан и Хари, на кои веќе навикнавме и кои секогаш даваа соодветни критики на малите ѕвездички. Дамите од шоуто, Леонтина, Јелена и Гоца според промото, остануваат на своите позиции, како и водителката Маријана, но се шпекулира дека Ана Николиќ ќе стане дел од жирито.

Пинк телевизија сними и најава за новата сезона, во која жири комисијата се појавува во поинакво светло :

 

 

Гледачите на Сител телевизија со нетрпение го очекуваат почетокот на најгледаното музичко шоу за минатата сезона – Ѕвездичките на Пинк.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека другите тв емитуваат премиери, Алфа репризира за викенд

Додека најголемите приватни ТВ куќи како Сител, Канал 5, Алсат и Телма емитуваат премиерни содржини …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!