Почетна / Серии / Завршните епизоди на серијата „The Closer“ во 21.30 часот на Телма

Завршните епизоди на серијата „The Closer“ во 21.30 часот на Телма

 

Последните епизоди на последната сезона – од понеделник до петок

 

Кајра Седвик, глумицата која два пати е номинирана за Златен Глобус, повторно со вас секоја вечер во улогата на Бренда Ли Џонсон, една од водечките американски истражувачки во процедурал серијата “Разоткривање” (The Closer). Се работи за детективка, бивша агентка на ЦИА, која патува ширум целата земја, од Атланта па до Вашингтон, како би ги разрешила приоритетните случаи на убиства.

 

 

Сега Бренда добива задача да води една полициска единица во Лос Анџелес, но нејзиниот необичен стил на работа нема да наиде на цлеосно одобрување од новите колеги, кои се во глобала мажи кои не сакаат жени кои немаат влакна на јазикот. Нејзина најголема поддршка е шефот Вил Поуп, , а освен него специјалната и елитна екипа на детективи ја чинат и Дејвид Габриел, мрзеливиот Провенца и Едни Флин.

 

 

Серијата се емитуваше од 2005 до 2012 година на американската мрежа Turner Network Television во вкупно 7 сезони, односно 109 епизоди. Од понеделник на Телма, ќе се емитуваат последните неприкажани епизоди на седмата сезона, односно завршните 15 епизоди на серијата.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Петок, сабота и недела по 23 часот, МТВ 1 ќе репризира уште еден полициски процедурал. …