Почетна / Сапуници / Најгледаната романтична комедија „Вљубениот ерген“ доаѓа на Сител

Најгледаната романтична комедија „Вљубениот ерген“ доаѓа на Сител

Драма, хумор и една вистинска љубов во новата играна серија на Сител

 

Турската романтична комедија “Вљубениот ерген” започнува наскоро на Сител телевизија. Со оглед на тоа дека трагичните случувања во мелодрамата “Црната роза” се ближат кон самиот крај, Сител телевизија реши на своите гледачи да им понуди сосема поинаква замена, да им понуди релаксирачки мигови на уживање со серијата за вљубениот ерген.

 

 

Се работи за нова серија, снимена во текот на 2016 и 2017 година, одбрана за најдобра драма комедија за ланската година во Турција. Освен награда за најдобра комедија на 42. издание на “Golden Butterfly Awards”, ги освои и наградите за најдобар телевизиски пар и најдобар актер.

 

 

Приказна за љубовта која по игра на судбината, од изнајмена ќе премине во вистинска. Приказна за еден дедо кој ќе постави еден услов за неговото наследство, приказна за неговиот внук кој ќе ви ги освои воздишките, и приказна за една девојка која пак ќе го освои неговото срце. Наскоро на Сител започнува “Вљубениот ерген”, а наскоро на ТВ Пакет дознајте ја содржината на оваа романтична комедија :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгответе се – старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо …