Почетна / Забава / До недела имате можност да купите карта за Пол Ван Дајк за само 400 денари

До недела имате можност да купите карта за Пол Ван Дајк за само 400 денари

 

Централен настан деновиве во Скопје е настапот на германската диџеј ѕвезда, Пол Ван Дајк…

 

 

Настапот на диџејот број 1 во светот, Пол Ван Дајк, закажан за 3 февруари во Метрополис арената во Скопје, можете да го проследите по промотивна цена на влезниците од 400 денари, но само до недела 29.01.2017.
 
Влезниците можете да ги најдете во продажната мрежа на купи карти за се, во Розе Веро 2, Југотон Рекордс и Пола Југотон како и на останатите стандардни продажни места.
 
Ова нема да биде прв настап на овој германски диџеј во Македонија, но ќе биде дел од неговата голема светска турнеја на која овој добитник на Греми Награда ќе посети светски метрополи меѓу кои и Скопје. Неговиот сет освен најголемите хитови кои што го лансираа на врвот, ќе биде надополнет и со траки од најновиот албум The politics of dancing 3.
 
Пол Ван Дајк освен на свои албуми и траки, работел и на песни на Мадона, У2, Депеш Мод, Џастин Тимберлејк и многу други.
 
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Француската вечер на „Охридско лето“ го носи квартетот „Хермес“

Репертоарот на класична музика на годинешното 66. „Охридско лето“ вечерва продолжува со квартетот „Хермес“ од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!