Почетна / Филм / Акцискиот трилер „16 Blocks“ со Брус Вилис – понеделник на Сител

Акцискиот трилер „16 Blocks“ со Брус Вилис – понеделник на Сител

 

23.30 часот, веднаш по последниот Дневник на Сител – време за филм

 

Во полноќното кино на Сител денеска, 14 мај, ќе го гледате “16 блокови”, крими филм од 2006 година кој е номиниран за наградата Black Movie. Ричард Донер, холивудскиот хитмејкер и режисер на филмот е веројатно најзаслужниот за одличната прифатеност на филмот од страна на публиката.

 

 

Врвен акциски трилер со напната приказна, уверливи карактери и извонредна актерска екипа која ја предводи еден од најпопуларните глумци од Холивуд, Брус Вилис (Умри машки, Шесто сетило). Ништо послаби улоги од херојската на Вилис, не покажаа ни Мос Деф и Дејвид Морс, неговите колеги во филмот.

Дејството се одвива во Њујорк и започнува една ноќ, кога мрзоволниот полициски детектив Џек по завршeтокот на ноќната смена, добива задача сепак да го испрати ситниот криминалец Еди Банкер од притвор до судница, каде треба да сведочи.

 

 

Џек, уморен од работата и зависник од алкохол, сака што побрзо да ја заврши задачата како би се предал на чашката повторно. Но, не е свесен дека го пречекува највозбудливото утро било кога. На патот за судницата, Џек и сведокот затвореник се пресретнати од вооружени криминалци кои сакаат да го убијат Еди.

 

 

Џек и Еди успеваат да побегнат, но неволјите започнуваат кога Еди треба да сведочи против колегата на Џек, еден корумпиран полицаец, кој бил оној што сака да го ликвидира Еди. Акција и напнатост до последниот здив, вечерва на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

Време на револуција и идеологија, време на пожари и поројни дождови. Време на разделби и …

Leave a Reply