Почетна / Сапуници / Ексклузивните епизоди од „Забрането јаболко“ од сега за викенд на Канал 5

Ексклузивните епизоди од „Забрането јаболко“ од сега за викенд на Канал 5

Омилените ликови од светот на гламурот продолжуваат со нови доживувања и последни пресврти.

Од сега, гледачите и фановите на босфорската драма “Забрането јаболко” имаат единствена шанса да ги следат најновите случувања во животите на отмените и интригантни ликови на Канал 5.

Канал 5  ќе ги емитува најновите продолженија од серијата, чие снимање продолжува во Турција и наредниот период. Први не само во регионот, туку и во светот, гледачите во Македонија ќе имаат уникатна шанса да уживаат во сплетките на најомилените ликови.

Хумор, драма, трилер и раскош следува и во наредните епизоди од сапунската драма. “Трио фантастико” пред нови искушенија и нови остроумни планови.

Ендер е исфрлена од холдингот, но може ли “ѓаволот што носи прада” да седи мирно?

Слична судбина и за злобната Шахика, но ќе успее ли во финалната битка да ја врати Империјата назад? Ќе може ли “змијата” да посегне и овојпат по забранетото јаболко?

Следуваат возбудливи сплетки и неверојатни пресврти во продолжението на приказната. Љубовта ќе ја огрее нашата Јилдиз, но едно неверство ќе ги разниша конците во новото семејство.

Авангардната сапуница од сега секоја сабота и недела на Канал 5, во 19.20 часот. Финална фаза во “Забрането јаболко”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!