Почетна / Сапуници / Починаа Рубио и Гера, ветераните на мексиканските тв новели

Починаа Рубио и Гера, ветераните на мексиканските тв новели

 

Починаa две големи имиња на Телевиса

 

На 83-годишна возраст денеска почина познатата мексиканска актерка Мариа Рубио. Веќе подолго време, актерката беше болна, но и смртта на синот пред неколку месеци во сообраќајна несреќа, очигледно ја докрајчи дона Мариа.

 

 

Оваа актерка е позната за македонската публика по улогите во мексиканските теленовели “Саломе” (А1) и “Драга непријателка” (Канал 5). Особено ја паметите по улогата во “Саломе” каде ја глумеше богатата госпоѓа Лукресија Монтесино, која стори сѐ за да го раздели синот од сиромашната танчерка Саломе. Сепак, нејзината животна улога е улогата на Каталина, жената со превезот околу окото во “Волчјата колевка”, една од култните мексикански тв новели.

 

 

Освен Мариа Рубио, овие денови почина и мексиканскиот актер Рохелио Гера, познат за македонските гледачи по улогите во “Љубовта е вечна” (Сител) и “Украдена љубов” (МТМ).

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!