Почетна / Телевизија / Нов трансфер на Бојана и „Улица Македонија“, од сега на ТВ 24

Нов трансфер на Бојана и „Улица Македонија“, од сега на ТВ 24

 

Нова фреквенција и нов термин за Бојана

 

Известување до сите гледачи на македонската забавна емисија “Улица Македонија”. Од сега, тв емисијата продолжува со емитување на ТВ 24 и тоа секоја сабота во 14.30 часот. Оваа сабота, гостин на Бојана Скендеровски е талентираниот Даниел Кајмакоски, кој ја освои балканската јавност со учеството во регионалното талент шоу “Икс фактор”.

 

 

Инаку ова е втор пат, “Улица Македонија” да менува фреквенција. Од неодамна ја напушти Сител 3, а сега и Нова. Сител 3 повеќе не постои, затоа што ѝ беше одземена дозволата за работа, a каква судбина ја чека Нова, останува да видиме.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …