Почетна / МК Сцена / Каролина „растури“ – концертите распродадени, додадени нови

Каролина „растури“ – концертите распродадени, додадени нови

 

На повидок нов легендарен успех на новиот албум “Извор”

 

Тимот на Авалон продукција со задоволство информира дека закажаните четири концерти на коишто Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26-ти февруари се буквално распродадени.
Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.

 



Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од утре, 14-ти февруари во 09 часот наутро, по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн. Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тоше, те сакаме сите“ – музички настан од отворен карактер

На 16 октомври 2026 година со почеток во 16:00 часот, на улицата „Тоше Проески“ во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!