Почетна / Спорт / МТВ : Освен ЗОИ 2018, ќе ги емитуваме и летните игри во Токио 2020

МТВ : Освен ЗОИ 2018, ќе ги емитуваме и летните игри во Токио 2020

 

На МТВ ги следите Зимските Олимписки игри

 

23-те Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг ексклузивно започнаа да се емитуваат на програмата на Македонската телевизија, и покрај неизвеснота дали МТВ ќе ги откупи правата за емитување на Зимските и Летните Олимпијади.

 

 

„По долги и исцрпувачки преговори со Дискавери, официјалниот носител на правата за Олимписките игри на територијата на Европа во периодот 2018-2024, Јавниот сервис успешно ја круниса важната мисија – да ја продолжи полувековната традиција, според којашто спектакуларните манифестации се меѓу главните препознатливи белези на неговата богата спортска програма.

 

 

Договорот со којшто МРТ обезбеди дека ќе ги пренесува и Олимписките Летни игри во Токио во 2020 година, е склучен на само три дена пред почетокот на Игрите во Пјонгчанг, пред се поради цената на телевизиските права, далеку повисока во однос на цената од претходните олимпијади. Сепак, Македонската Радио Телевизија вложи максимални напори и успеа да издејствува поволни услови, врз основа на коишто ќе остане главниот промотор на олимпизмот и на олимпиското движење во земјава“, се вели во соопштението на МТВ кон медиумите.

 

 

Од 9 до 25 февруари, на МТВ-1 и на МТВ-2, гледачите ќе можат да уживаат во околу 150 часа ексклузивна премиерна програма од најатрактивните случувања на снежните терени во Пјонгчанг. Во периодот од 2 часот изутрина до 15.30 часот попладне, директни преноси ќе одат од натпреварите во алпско скијање, хокеј на мраз, уметничко лизгање, скијачки скокови, бијатлон и во нордиско скијање. Поради временската разлика со Кореја од осум часа, дел од возбудувањата во боб, санкање, брзо лизгање, акробатско скијање и во сноуборд ќе бидат емитувани одложно во попладневните и во вечерните часови, па заедно со репризите, Јавниот сервис ќе понуди повеќе од 200 часа ексклузивнa олимпискa содржинa.

 

 

Во редовните термини ќе бидат емитувани и преносите од фудбалската Лига на шампионите и од Лига Европа, од ракометната Лига на шампионите во двете конкуренции, од ракометната СЕХА лига, како и од завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија. За време на Олимпијадата, нема да се емитува играна вечерна серија и играни филмови.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од сега, македонскиот фудбал ќе оди на ТВ 24, денеска Вардар : Силекс

  14 часот, ТВ 24 – Вардар игра против Силекс, Вардарци со бојкот   Денеска, …

Leave a Reply