Почетна / Филм / Доставувач на весници

Доставувач на весници

 

05. октомври
(во одбрани кина)

Доставувач на весници
Режија: Ли Даниелс (Precious)
Сценарио: Ли Даниелс, Пит Декстер
Улоги: Никол Кидман, Зак Ефрон, Метју МекКонахи, Џон Кјусак, Мејси Греј, Скот Глен, Нед Белами
Жанр: драма, трилер

 

„Доставувач на весници“ е адаптација на истоимената книга од 1996. година на писателот Пит Декстер, а во трилерот се раскажува за младиот и неодговорен Џек (Зак Ефрон) кој деновите ги поминува по локали и забави. Но, по задолжение од неговите родители, Џек е принуден да го промени својот секојдневен живот и да му помогне на својот поголем брат Ворд (Метју МекКонахи), кој е познат новинар, и задолжен за истрага на убиството на градскиот шериф. Задачата на двајцата браќа е да дознаат дали уапсениот маж за убиството, кој е нивен пријател, е навистина виновен, или вистинскиот извршител се уште е на слобода.

Филмот беше во годинешната трка за Златна палма на „Канскиот филмски фестивал“.

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!