Почетна / Живот / Нови големи машини и предизвици за рударите вторнички на Дискавери

Нови големи машини и предизвици за рударите вторнички на Дискавери

 

Осма сезона од “Јагма за злато” секој вторник

 

Трагачите на злато од најгледаниот серијал на Дискавери, повторно се со нас. Оваа сезона ривалството меѓу рударите досегна ново ниво. Ќе ги остварат ли саканите количини? „Јагма за злато“ на Дискавери се врати на 17 октомври во 20 часот, а од тогаш серијалот се емитува секој вторник во тој термин.

 

 

Пред почетокот на новата рударска сезона, Тод Хофман става сѐ на коцка и се обложува со 22 годишниот Паркер Шнабел. Тод е уверен дека може да пронајде најмногу злато оваа сезона. Ако не успее, на Паркер ќе му должи 3 килограми злато вредно повеќе од 100 000 долари. Ова е храбар потег на Тод, особено по минатогодишната катастрофа. Неговата цел да најде 140 килограми остана неостварена во Орегон и целиот тим се распадна. Оваа сезона Тод со тимот се во Колорадо, каде го придружува и неговиот татко Џек и осумнаесетгодишниот син Хантер. Тод верува дека најпосле ќе стане најуспешен трагач на злато сега кога врши ископ на три локации во исто време- предизвик во кој ниеден рудар не успеал. Во меѓувреме, Хантер бара унапредување и сака да покрене сопствена операција на ископување. Ќе успее ли да го поднесе притисокот?

 

 

Во Клондајк, младиот Паркер Шнабел го известува својот долгогодишен тим за кладбата со Тод Хофман. Меѓутоа, ова не е единствената битка за Паркер. Тој тргнува во војна на два фронта- не само со Тод туку и со Тони Битс, попознат како „Викинг“. Во последните четири години Тони заработи 2,3 милиони долари од наемот кој го плаќа на Паркер за локацијата на која ископува злато. Оваа година, Паркер планира да си ја купи слободата на досега неистражено подрачје. Паркер не потценува никого бидејќи знае дека среќата е исто важен фактор како и упорноста. Прво, Паркер мора да ја покрене својата замрзната Биг Ред локација бидејќи со секој неработен ден Тод и Тони добиваат предност во трката за злато.

 

 

Во меѓувреме и легендарниот Тони Битс се враќа во Клондајк и ја продолжува својата опседнатост со багерите. Минатата година неговиот план да реставрира 75 годишен багер се покажа како голем неуспех. Но „Викингот“ никогаш не отстапува. Оваа година тој со неговото семејство си поставија цел да преместат и оспособат друг багер. Сѐ е подготвено за преместување, но Тони мора да го увери легендарниот Шимус Кристи да му помогне. Но и за Шимус е ова предизвик прв од овој тип.

Нови членови во тимовите, неочекувани дефекти и загреани соперници ќе покажат колку е различна оваа сезона на „Јагма за злато“. Секоја недела златото ќе се собира и ќе ги носи рударите до исцрпување бидејќи сите сакаат оваа сезона на ископ да соберат најмногу злато.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи за прв пат во Македонска Филхармонија

Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија! Илјадници свеќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!