Почетна / Серии / 20-годишната Хазмин од „Ангели“ е бремена

20-годишната Хазмин од „Ангели“ е бремена

 

Актерката Еухенија Суарез, позната како Хазмин од мегапопуларната серија „Ангели“, штотуку потврди дека е бремена од своето момче Николас Кабре. Тие двајца деновиве се вратија во Аргентина откако патуваа на Карибите поради снимањето на серијата во која глуми Николас.

 

 

„Започна снимањето на серијата „Solamente vos“, нов проект на Pol-ka, во кој главните улоги ги играат Адриан Суар и Наталија Ореиро“, се вели во соопштението објавено на аргентинските медиуми. Веста за бременоста на русокосата убавица први ја откриле нејзините пријатели на социјалната мрежа Твитер, каде напишале дека Суарез е бремена веќе четири недели. Веднаш по објавувањето на веста, куќата кадешто живеее двојката била добро обезбедена поради големиот број на новинари што пристигнале на местото.

 

20-годишната актерка љубопитноста на јавноста ја задоволи со својот најновт твит, каде самата потврдува дека очекува дете. Инаку, серијата „Ангели“ од оваа недела се емитува на Сител телевизија секој работен ден во 11:00 и во 14:15 часот.

 

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди