Почетна / Серии / Политичката мини драма „Игри на моќ“ секоја недела на Телма

Политичката мини драма „Игри на моќ“ секоја недела на Телма

 

Недела, 20.30 часот – американска серија од USA Network во 6 епизоди

 

 

Провокативна драмска мини-серија која се занимава со заткулисниот живот на една елитна политичка династија. Што се крие зад сјајните  реклами и шарени билборди. На што се спремни политичарите за исполнување на своите политички амбиции. На крајот семејството секогаш е жртва на амбициите.

 

 

Добитничката на Оскар, Златен глобус, БАФТА и номинација за наградата ЕМИ, Сигурни Вивер ја глуми Елејн Бариш Хемонд, бивша прва дама и актуелна државна секретарка, која се обидува своето семејство да го одржи заедно, додека се бори со кризата која владее во Министерството за надворешни работи.

 

 

По две години се среќава повторно со сопругот, претседателот на САД, а мрачната семејна тајна дополнитлено ќе ја прогонува. Семејството или кариерата? Изборот е тежок, особено кога ќе мора да донесе тешка државна одлука во врска со кризата во Иран.

Улоги: Сигурни Вивер, Карла Гуџино, Џејмс Волк, Себастиан Стеин,  Британи Исибаси, Елен Бернстаин, Киаран Хајндс, Адриан Пасадар

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply