Почетна / Серии / Теленовели / Вечерва на Сител, хорор завршеток на крими драмата „Мојот син“

Вечерва на Сител, хорор завршеток на крими драмата „Мојот син“

 

Што ќе се случи вечерва со главниот пар ?

 

Појраз беше човекот во кој се соединија љубовта и омразата, доброто и злото, чесноста и криминалот. Човек кој го допре самото дно на животот, но љубовта кон синчето и љубената Ајшеѓул секогаш го туркаа напред, кон нови цели и нови победи. И сега… кога конечно сите работи се расчистија, дојде време да се збогуваме со семејната крими драма со која уживаше ТВ публиката изминатите месеци.

 

 

Вечерва во 22 часот на Сител телевизија е финалето на “Мојот син”. Збогување со Појраз и Ајшеѓул, и сите ликови кои беа дел од борбата за среќа и потрагата по правда. Но, крајот не е воопшто таков каков што многумина очекуваат да биде.

 

 

Последната епизода ќе донесе вистински шок за гледачите. Негативката ќе проба за последен пат да расчисти со Појраз и Ајшеѓул, но дали тоа ќе значи трагедија за вашите омилени ликови? Вечерва на Сител, веднаш по новата играна серија “Карасевда”, неочекуван крај за несреќните Појраз и Ајшеѓул.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply