Почетна / Филм / МТВ и Алфа, и за овој Велигден со реприза на библиските филмови

МТВ и Алфа, и за овој Велигден со реприза на библиските филмови

 

Истите филмови за Велигден веќе неколку години

 

Ако порано бевме навикнати на секој Божиќ и Велигден да гледаме премиерни библиски филмови кои зборуваат за раѓањето или воскресението на Исус Христос, последниве години нашите телевизии не одвикнаа од таа навика.

 

 

Па така, Алфа вечерва, ден пред Христовото воскресение ќе ги емитува “На почетокот” и “Исус”, a пак за време на утрешниот голем празник во 14.40 часот ќе го прикажува “Марија, мајката на Исус”. Во “The mother of Jesus”, премиерно емитуван на Алфа за Велигден во 2014 година, главните улоги ги толкуваат Кристијан Бејл, Пернила Август и Мелинда Кинаман. Филмот е драматизација за животот на Марија и Јосиф, зачнувањето на Марија со синот Божји, нивните маки и премрежија за почетокот на христијанството.

 

 

Првиот канал на Македонската телевизија со уште една реприза на италијанската мини серија “Марија од Назарет”. Серија за животот на Богородица, серија која што му овозможува на гледачот да биде сведок на мистериите и на доживувањата на една млада девојка, на која и е доверена голема улога.

 

 

Од Благовестие до Велигден се прикажани сите животни премрежиња на Марија, сета нејзина радост и сета тага што ја преживува. Мажите и жените околу неа и` помагаат да го извезе емотивниот гоблен на нејзиниот живот. Во тоа најмногу се залага Јосиф, нејзиниот сопруг, човек од крв и од месо, од кого се бара да поверува во единствената судбина на Марија, да се откаже од многуте права и благодети на бракот. По сценарио на Џакомо Кампиоти, во серијата главните улоги ги толкуваат Алиса Јанг, Паз Вега, Антониа Лискова.

 

 

Серијата на Прва ќе се емитува вечерва, веднаш по полноќ со две епизоди, и утревечер во 22 часот ќе биде емитувана последната епизода.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!