Почетна / Телевизија / Најгледаната турска серија, игра, песна и филм на Сител за најлудата ноќ

Најгледаната турска серија, игра, песна и филм на Сител за најлудата ноќ

 

Сител ќе ја емитува “Парампарче” и за новогодишната вечер

 

 

Новогодишната вечер на Сител телевизија започнува со епизода од “Парампарче” – најгледаната телевизиска програма во Македонија изминатава година. Вечерва ќе биде емитуван всушност почетокот на втората сезона од приказната за Ѓулсерен и Џихан, која секоја вечер освен во Македонија, се следи и во Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Грција, Црна Гора, Романија.

 

 

По Ѓулсерен, во 21 часот следува нова епизода на викенд серијата “Заборави ако можеш”, а од 22 часот започнува централната новогодишна програма “100 проценти песна и игра”, која е всушност коктел на новогодишни настапи од минатите години. Во 1 часот по полноќ, за крај на новогодишната прослава во домашен амбиент, Сител ви го препорачува премиерно филмот “Господин совршен” – романтична акциона комедија со Сем Роквел и Ана Кендрик.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …