Почетна / Забава / Концертна промоција на долгоочекуваниот прв албум на Ris flower

Концертна промоција на долгоочекуваниот прв албум на Ris flower

На 18ти мај 2023г. , во клубот “Станица 26”, со почеток од 21:00ч., ќе се одржи концертна промоција на долгоочекуваниот прв албум на нашата интернационална музичка ѕвезда, RIS FLOWER, со наслов “FLOW”. Покрај авторските композиции, меѓу кои познатите “Flying to Berlin”, “Translucent”, “Light Of Your Soul” и многу други, на концертот ќе бидат промотивно изведени и кавер-хитот на Ris Flower- „Сите Мои Слики” од „Ареа” и официјалниот кавер на песната “Come Undone”, во соработка со продуцентската куќа на “Duran Duran”.

На концертот, RIS FLOWER ќе биде придружуван од својот бенд составен од феноменалните музичари:

Џоле Малсимовски – тапани, Дино Милосављевиќ – бас, Павле Васиљевиќ – гитара, Александра Кировска – гитара, а за комплетно аудио и визуелно доживување ќе се погрижи екипата на Ris Flower од Турција и Велика Британија.

Концертот ќе биде отворен со настап на познатиот поп пејач од Малта, “Dilan De Bono”, а како специјални гости публиката ќе има можност да го слушне еден од најперспективните македонски рок бендови “Red 18”.

Картите се веќе во продажба преку продажните мрежи на:

RIS FLOWER – Концертна промоција на првиот албум”FLOW” – MKTickets : MKTickets

Ris Flower – karti.com.mk

по цена од 300 ден.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филхармонија во парк со „Одисеја 2024“ – музика од филмовите на Кјубрик

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено”, кој ќе …

error: Содржината е заштитена!