Почетна / Живот / Кои се Харли и Дејвидсонови, основачите на култниот моторцикл

Кои се Харли и Дејвидсонови, основачите на култниот моторцикл

 

Кои се Харли и Дејвидсонови – јунаците на серијата на Дискавери

 

Почетокот на XX век, двајцата најдобри пријатели Бил Харли и Артур Дејвидсон, во Милвоки го изградиле својот прв мотоцикл. Откако им се придружил и постариот брат на Артур, Валтер, тројцата ја основале легендарната компанија Харли-Дејвидсон. Успеале да ја надминат конкуренцијата, трагедиите на тркачките патеки, да ја преживеат големата економска криза за во 1936 го создадат супер мотоциклот кој со своето постоење ќе го потврди нивното пријателство и веродостојноста и издржливоста на истите.

 

 

Патот на тројцата пријатели ќе ја дефинира компанијата за идните генерации и на најдобар можен начин ја изразува американската подготвеност на ризик и желбата за слобода.

Харли-Дејвидсон е повеќе од мотоцикл и патот до успехот на тројцата пријатели Валтер, Артур и Бил не бил лесен- исполнет со безброј препреки, немилосрдна конкуренција и ризик. Трите момчиња, синови на имигранти од работничката класа, вложиле сè што имаат за да го осигураат опстанокот на компанијата која ја основале. Но, колку далеку биле спремни далеку да одат за да го остварат американскиот сон?

 

 

Валтер, Артур и Бил го имаат ризикувано целиот свој имот и живот за да ја покренат својата компанија. Секој од нив се има соочено со различни предизвици, а мотоциклот ги обединува нивните соништа и амбиции. За Валтер Дејвидсон овој потфат е прилика за бегство од ограничувањата на општеството, можност да ги игнорира правилата и да создаде „ѕверски“ мотоцикл кој може да отиде секаде. За Артур Дејвидсон, тоа е прилика за конечно да го прослави своето име, а за Бил Харли мотоциклот претставува осамостојување и можност конечно да го примени својот инженерски талент.

 

 

Изградени во гаража во Милвоки, овие мотоцикли ги преживуваат сите услови кои може да ги замислите. Валтер ги тестирал на сите можни начини, а неговата амбиција го тера да се натпреварува и стане врвен тркач во некои смртоносни трки. Несоборливниот дух на Валтер го прослави Харли-Дејвидсон и ја протурка компанијата до точка да го престигне својот главен конкурент.

Генијални и иновативни, основачите на Харли-Дејвидсон се соочиле со многу поголеми ривали, а работите да станат уште потешки, големата економска криза ја погодила и мото индустријата. Но, Харли-Дејвидсон продолжил да пркоси на околностите со своите однапред осмислени идеи.

 

 

Серијата „Харли и Дејвидсонови“, која од 18 септември започнува на Дискавери, го следи постојаниот раст на основачите за своите верни следбеници како никој друг конкурент – без разлика дали е во прашање договор со американската војска или пак ги подучува возачите како да ги направат поправките во мото клубовите ширум Америка.

Валтер, Артур и Бил го создале Харли-Дејвидсон со репутација на „опасен“ мотоцикл со кој може да отидат било каде и ги игнорираат сите правила. Тоа е наследство кое преживеало повеќе од 100 години и е во срцето на брендот и на неговите верни возачи.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на „222 антиупатства за лична употреба“ од Прокопиев

В четврток (14.10.2021), со почеток од 19 часот, во културниот центар и кафе-книжарница „Везилка” во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!