Почетна / Телевизија / MTM со реприза на француската тин драма „Љубов на распуст“

MTM со реприза на француската тин драма „Љубов на распуст“

 

МТМ со реприза на француската серија “Cœur Océan

 

На местото на репризата на новелата “Ева Луна”, скопската МТМ ќе репризира уште една серија, емитувана пред две години на Скај Нет телевизија.

 

 

Се работи за француската тинејџерска драма “Љубов на распуст”, чие премиерно емитување беше на Сител телевизија за потоа да се репризира на локалните телевизии. Репризата на МТМ е од понеделник до петок во 20.30 часот, со репризи наредниот ден во 11 и 17 часот, како и омнибус за време на викендите. Во продолжение ве потсетуваме на содржината :

 

 

Алекс, Матео и Пјер се тројца другари кои летниот одмор го поминуваат на еден остров. Нивниот одмор се состои од лежење на плажа, сончање, журкање на плажа, заведување убави девојки и лудување. Нивниот одмор го одбележува доаѓањето на Дафне и Синтија, две братучетки кои се дојдени на одмор на островот. Нивната убавина ги привлекува тројцата другари, па така Пјер се заљубува во Дафне. Но работите се комплицираат, затоа што таа се вљубува во неговиот полубрат Стефан. Од друга страна, Синтија не може да се одлучи меѓу Алекс и Матео, но на крајот сепак го бира Алекс.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!