Почетна / Забава / Вечерва е финале на „Ѕвездички“, за Трајче се гласа на 141 345

Вечерва е финале на „Ѕвездички“, за Трајче се гласа на 141 345

 

Суперфинале на “Пинк ѕвездички” – вечерва на Сител телевизија

 

 

По долготрајни натпреварувања, малите ѕвездички вечерва ќе ја завршат авантурата наречена “Пинк ѕвездички”. Најгледаното шоу во Србија и Црна Гора ситно брои до својот спектакуларен крај. Пинк, Пинк М, Пинк БХ и Сител телевизија се четирите тв канали кои со почеток во 20.30 часот во живо ќе го пренесуваат суперфиналето.

Нашиот Трајче, Давид, Марија, Павле, Лена, Исидора, Матеја, Игор, Јован и Валентина се десетте суперфиналисти кои неколку месеци го освојуваа жирито, а веќе неколку емисии за нив одлучува само публиката.

Така ќе биде и вечерва, кога само со вашите СМС гласови и гласовите од другите екс Ју држави, ќе се избере победникот на шоуто.

 

 

Линиите за гласање се сeуште отворени. Се гласа постојано во текот на целата недела, а вечер ќе бидат направени неколку пресеци на гласовите се’ додека не се добие првата Пинк ѕвездичка, која ќе иа најголем број на СМС гласови од публиката. Доколку го сакате малиот Трајче и сакате тој да биде победник на ова шоу, треба да продолжиме да гласаме за него со испраќање на СМС порака со текст “GLA 7” на 141 345. Mоже да се гласа од секој оператор во секое време, неограничено.

 

 

 Анкетите кои ги прават многу портали кај нас, како и многу портали во регионот, покажуваат дека Трајче е фаворит на публиката. Дали тоа значи дека ќе има и најголем број на Ваши гласови и ќе победи, ќе видиме вечер на Сител телевизија во 20:30 часот. 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартин 99: Пред да се оженам еден телефон швалерски, друг за работа

Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана”, девојките седнаа со Мартин Трпчевски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!