Почетна / МК Сцена / Трета магична вечер им приреди Каролина на слушателите на „Извор“

Трета магична вечер им приреди Каролина на слушателите на „Извор“

 

Погледнете ги фотките од третиот концерт од концертниот маратон

 

фотографиите се дело на Stefan Rajhl

 

Трета магична вечер се случи вчеравечер во МОБ. Поводот ист, домаќините исти, гостите нови.

 

 

Тимот на безвременската Каролина Гочева по трет пат успеа да создаде невиден флуид меѓу публиката и сите оние кои беа на сцена.

 

 

Новата тура слушатели на “Извор” уживаа во прекрасните староградски звуци, донесени од совршен вокал и наменети за едно ново, динамично време.

 

 

Мега ѕвездата повторно не прошета низ дамнешните времиња на чалгии и сокаци, чаршии и росици, време на вистинска и искрена романтика.

 

 

Песните од “Извор” допрва ќе обезбедат свое место во антологијата на македонската музичка сцена, а сега ви ја препорачуваме “Ти не дојде”, моќна балада од новиот албум, дело на Николче Мицевски и Весна Малинова.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески Вчеравечер во Вип Арената “Борис …

Leave a Reply