Почетна / МК Сцена / Видео | Антониа Гиговска со видеоспот за нејзината „Слаба страна“

Видео | Антониа Гиговска со видеоспот за нејзината „Слаба страна“

По Невреме и Светлина во мрак, следува нешто побрзо

Конечно во етер излезе долгоочекуваниот видеоспот на најновото музичко остварување на Антониа Гиговска – „Слаба Страна“.  Песна на која како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем  Лазар и Магдалена  Цветковска.

Песната веќе неколку недели е објавена по речиси сите радиостаници во Македонија, а коментарите се и повеќе од позитивни. Особено поради ова е среќна Антониа, која верува дека во нејзините раце има уште еден хит за својата армија од фанови.

– Нема да бидам скромна и ќе кажам дека ова е една од подобрите песни кои публиката ќе има прилика да ги слуша. Лазар и Магдалена направија совршенство од песна, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, убедена сум дека ова е тоа – вистинското, вели младата и талентирана пејачка Гиговска.

Како режисер на спотот се потпишува Бане Поповиќ и неговата „Томато-продукција“, а особено придонес  имаат момците и девојките од  „Beatrix Crew“, вештите раце на Даниел Николовски и „Fashion Group“. По прекрасните балади изминатата година, слушнете ја “Слаба страна” во побрз ритам :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески Вчеравечер во Вип Арената “Борис …

Leave a Reply