Почетна / МК Сцена / Електронски фестивал со диџеј Тристан оваа сабота

Електронски фестивал со диџеј Тристан оваа сабота

“Skopje Dance festival 2014” – мултимедијален електронски денс фестивал во Скопје

 


Во сабота (6-ти септември) на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи големо електронско случување кое има за цел да ја доближи електронската музика до младите, да ги собере фановите на трансот на едно место, да го издигне Скопје на листата на електронската сцена и да промовира големи светски и домашки артисти пред македонската публика. Главна ѕвезда на вечерта ќе биде британскиот диџеј Тристан со неговиот психоделичен транс сет. Овој музичар се пронашол во овој вид на музика уште пред 20 години кога патувал низ Азија и кога присуствувал на ваков тип на журки на индискиот остров Гоа. По враќањето во Англија, со своите пријатели почнува и да ги креира ваквите музички траки. Има голем број на настапи на транс фестивали и журки, а настапувал и на меинстрим денс фестивали како што е Гластонбери. Свој настап во Скопје имаше во мај во 2010 година на затварање на зимската сезона на тогашната позната дискотека “Колосеум”.

Тристан ќе има подршка и од домашни артисти како што се Урбана регенерација, ДЈ Чваре, Еми и Ана Мало, Роботек (PMG Recordings), Мирко Попов (PMG Recordings), Горан Кан (Kerkez Music), Кох (G.E.N.), Томи Бојаџи (Puresoul), Флудер (Pollux) и Џантрикс (G.E.N.).

 

Овој евент ќе биде збогатен со професионално осветлување, промоција на најнова ласер технологија, LCD Screen бина со видео бимови и проекции, RCF Line Array Sound System, а забава плус ќе понудат и жонглери, аудио и видео работилници, Арт базарот, изложбата на накит, рачно направени предмети и за крај, огнениот перформанс.

Претпродажбата на карти за Skopje Dance Festival започна од 25.08 (понеделник) низ цела Македонија на сите продажни места во мрежата на Купи Карти За Се. Освен на продажните места во дистрибутивната мрежа „Купи Карти За Се“, влезници по претпродажна цена можете да се набават и од кафе бар Кино Карпош – Скопје, Куманово (077942845) и Тетово (072241020). На влез картите ќе чинат 350ден. Воедно, продукцијата ги повикува сите заинтересирани уметници, ракотворци, фотографи кои сакаат да изложуваат свои дела, да се пријават на фејсбук страната од фестивалот.

 


 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!