Почетна / Телевизија / Студио 1, Скопје напладне, Лица, Шоу биз … што ќе емитува 1 тв ?

Студио 1, Скопје напладне, Лица, Шоу биз … што ќе емитува 1 тв ?

 

Нова телевизија од идната недела

 

Од 29 март, четврток, нова национална телевизија започнува да зрачи во македонскиот телевизиски етер. Телевизијата која наголемо ја најавува шоу менот Боки 13 ќе се вика 1 ТВ и ќе врати добро познати и афирмирани телевизиски лица на малите екрани. Бившата директорка на А1, Анета Кочишки и бившиот уредник на А1, Ацо Кабранов се дел од уредничкиот тим на 1 тв.

 

 

Она што засега го најавуваат водителите и новинари на оваа телевизија се информативните емисии “Студио 1” и “Скопје напладне”. Од 17 до 19 часот, секој работен ден е терминот за Студио 1. Дел од овој попладневен магазин се Влатко Чавловски, Христијан Стојчевски, Жарко Димоски, Наташа Мешковска, … кои ќе зборуваат за политика, економија, судство, социјала, шоу бизнис, култура, забава, спорт.

 

 

За сите настани и теми, за сите упеси и проблеми тука е овој магазин, а сите случувања во главниот град се дел од “Скопје напладне” со Петар Цветковски. Анета Кочишки ќе не одесе на подиумот без маски секој понеделник во “Лица”.

 

 

Уредничкиот брифинг му припаѓа на главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов, Гордана Дувњак ќе не поведе низ лавиринтот на правниот хаос, а освен нив тука се и Тијана Дапчевиќ со шоу биз информациите, Васко Спасоски, Дамјан Варошлија, Кирил Ефремовски и други.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …