Почетна / Серии / Повторно за вас – адреналин и акција во „Чикаго ФД“ на Сител

Повторно за вас – адреналин и акција во „Чикаго ФД“ на Сител

Од понеделник до петок во 2 часот по полноќ за сите неспанковци, телевизија Сител нуди возбуда, адреналин и акција во ноќните часови со повторувањата на хит серијата “Чикаго ФД”.

Во центарот на вниманието, за ваше потсетување, се пожарникарите и болничарите кои работат во противпожарната служба во Чикаго. Кога смртта ќе им погледне во очи, за овие херои на “Чикаго ФД” (Chicago fire) следува беспоштедна битка за живот и спас на невините жртви од пламените јазици.

По смртта на пожарникарот Ендрју, лојалноста на членовите на тимот е поделена меѓу Метју и Кели, кои меѓусебно се обвинуваат за смртта на долгогодишниот пријател и колега. Првичното ривалство и обвинувања на Метју и Кели ќе мора да се надминат кога е во прашање безбедноста на нивните колеги и целиот оддел, а покрај нив, во екипата се и пожарникарите Питер Милс, Кристофер, Вејли, како и болничарките Лесли и Габи.

Сите тие, заедно, ќе мора секојдневно да се соочуваат со непредвидливи ситуации, во кои целта е само една – да се спасат цивилите од неочекуваните несреќи и пожари. Под водство на шефот Волас Боден, овие храбри луѓе ќе ја плаќаат цената на ризикот, затоа што хуманоста за нив е пред сѐ друго.

Улоги : Jesse Spencer, Taylor Kinney, Monica Raymund, Lauren German, Charlie Barnett, David Eigenberg, Teri Reeves и др.​

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!