Почетна / Филм / Во сабота на Телма – документарец за поранешниот претседател на СССР

Во сабота на Телма – документарец за поранешниот претседател на СССР

Интервју со поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, една од највлијателните личности во минатиот век, чие владеење го најави крајот на Советскиот Сојуз. Во интимен амбиент, тој го дава својот поглед на Русија некогаш и сега, a токму ова интервју ќе го гледаме во документарниот филм на Телма во сабота, 15 јуни во 19.15 часот.

Промените предизвикани од еден човек одекнаа низ целиот свет. Филм што го сумира животот на еден човек кој го промени светот во 20 век. Краткото време на власт на Горбачов беше обележано со распадот на оваа империја.

Тој беше архитект на Гласност и Перестројка, политики кои им дадоа на граѓаните на Советскиот Сојуз, шанса да бидат слободни. Советската империја се распадна под него, a тој беше осуден од сопствениот народ.

Со овој товар од минатото, овој осамен старец ги живееше последните денови од својот живот во празна куќа во предградијата во близина на Москва. Почина на 30 август 2022.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!