Почетна / Телевизија / Видео | Со „Чалгиска“, нашата Прилепчанка изненади во Пинк

Видео | Со „Чалгиска“, нашата Прилепчанка изненади во Пинк

 

Малата Александра уште еднаш успеа да изненади во Пинк Ѕвездички

 

 

Македонското девојче Александра Трајчевска е првата Македонка која успеа директно да се пласира во шестиот круг од српсото хит шоу “Ѕвездичките на Пинк”. Во најновата емисија, вчеравечер на каналите на Пинк телевизија, малата Але ги отпеа “Чекала сам” од Јадранка Стојаковиќ и култната “Чалгиска” од Каролина Гочева.

 

 

Во овој круг, како што знаете од претходните сезони, децата пејат по две песни, надополнети со кореографија. Со брзата песна на Јадранка, нашата кандидатка успеа да ги крене од столчињата и да ги разигра сите членови на жири комисијата, а со песната на Каролина, дополнително да ги разнежни присутните со автентичниот македонски новокомпониран мелос.

 

 

– Прекрасно беше, се’ ти се позлатило. Tи си толку едноставна, а моќна во твојата интерпретација. Твојата музикалност многу убаво излегува од тебе и сето тоа го пренесуваш на нас. Многу добро и зрело го контролираш гласот на ниските тонови – искоментираа Сергеј и Јелена, на кои “Чалгиска” им беше вистинско освежување во шоуто.

За Гоца, ова беше супер и особено и се допадна изведбата на брзата песна, а со тоа се согласија и Сале и Леонтина. Во продолжение погледнете ги нејзините настапи :

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инреком: За дигитализацијата на државата и медиумските слободи

Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!