Почетна / Серии / Канадската крими серија „Напукнат“ во 21:20 часот на Телма

Канадската крими серија „Напукнат“ во 21:20 часот на Телма

 

“Напукнат” – од среда на Телма во 21:20 часот

 

Секој ден додека шетаме по улиците, се среќаваме со луѓе кои си го загубиле компасот во животот. Понекогаш не плашат, понекогаш не забавуваат, но во главно ги игнорираме. Сите нивни лични и емотивни проблеми некогаш може да ги доведат до бизарни напади, убиства, самоубиства, злосторства од невидени размери. И токму со таквите луѓе во општеството се занимава новооформената “психолошка” единица во рамките на канадската полиција чии полицајци и психијатри се знаимаваат со бизарни и застрашувачки случаи и злостори кои откриваат неурамнотежени поединци злосторници.

 

 

Еден од детективите на оваа единица е Ајдан Блек, сјаен инспектор кој во единицата доаѓа откако учествувал во две големи престрелки за време на службена должност. Неговите ментални проблеми ги загрижуваат неговите шефови, па затоа тие одлучуваат да го префрлат во психолошката единица, каде заедно со доктор Даниел Ридли оформуваат неверојатен тим. Но тој тим не е само комбинација на добри полицајци и добри психијатри. Тука е Адријан, кој научил како да сочувствува со убијците, да се става во нивна позиција, да размислува со нивен ум и на тој начин го гледа светот како што само психички нестабилни личности го гледаат и делуваат. Дениел е методична и посветена на детали што и помага да ги најде трагите и доказите што инаку другите би ги пропуштиле. Сите тие се свесни дека навлегуваат длабоко во умовите на злосторниците, но прашање на време е до каде може да одат во тоа.

 

 

Ова е сижето на новата канадска серија “Напукнат”, снимена во 21 епизода, која од среда започнува во терминот за крими серии на Телма, 21 часот и 20 минути. Во главните улоги настапуваат David Sutcliffe, Stephanie von Pfetten, Brooke Nevin, Luisa D’Oliveira, Dayo Ade, Karen LeBlanc.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без никаква најава и информација до гледачите, Алфа ја пушти „Фитнес“

Пред девет месеци, наголемо беше најавувана со секојдневни промоа. Сепак тогаш, руската комедија “Фитнес” не …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!