Почетна / МК Сцена / Пејчиноски со инструментална верзија на веќе култната „Ти не дојде“

Пејчиноски со инструментална верзија на веќе култната „Ти не дојде“

 

Моќната поп етно балада доби инструментална верзија

 

За кратко време, новите песни од проектот “Извор” на Каролина Гочева успеаа да придобијат огромен број фанови како што тоа го сторија и претходните албуми на пејачката. Секој си пронајде фаворит од новите песни на албумот, но очигледно онаа што привлече најголемо внимание и ги разнежни срцата на македонската слушачка публика е баладата “Ти не дојде”.

 

 

Гитаристот Дамјан Пејчиноски, кој е дел од успешниот проект на Авалон и Каролина направи инструментална верзија на “Ти не дојде” која ви ја презентираме во продолжение :

 

 

Во меѓувреме продолжува концертната промоција на “Извор” во сите градови низ Македонија. На ред вечерва е Тетово (Домот на култура), по што следуваат Гостивар, Куманово, Штип и Струмица.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Каролина во Америка емотивно ја отпеа „Празно е без оваа љубов“

Македонскиот супербренд Каролина Гочева велигденските празници ги поминува во Њујорк каде нејзиниот сопруг Михаил Корубин …