Почетна / Филм / Комедијата „Чевлар“ и трилерот „Принцот“ овој викенд на МТВ 1

Комедијата „Чевлар“ и трилерот „Принцот“ овој викенд на МТВ 1

 

Ова се филмските наслови за овој викенд на Прва :

 

сабота (21. април 2018) – “The Cobbler” (Чевлар) во 20.15 часот

 

 

Адам Сендлер, Дастин Хофман, Стив Бушеми и Ден Стивенс настапуваат вечерва на Прва во драмедијата на Томас Мекарти во која еден обичен чевлар одеднаш открива волшебна дарба која ќе му го смени животот. Макс поправа чевли во семејниот дуќан во Њујорк, живее просечно и е разочаран од секојдневието. Еден ден открива волшебна машина за шиење која му овозможува да „влезе” во кожата на своите муштерии, т.е. да оди во нивните чевли. Макс станува друг човек и го гледа светот во многу поинаква светлина.

 

 

недела (21. април 2018) – “The Prince” (Принцот) во 21.15 часот

 Еден пензиониран мафијашки платеник се враќа во Лас Вегас откако исчезнува неговата ќерка. По киднапирањето на ќерка му животот на некогашниот убиец  се менува преку ноќ, и за да го реши случајот, мора да му „се врати” на некогашниот начин на живот.

 

 

Во мафијашката средина, каде што се работи по принципот „око за око, заб за заб”, тој е познат како Принц, но за да ја спаси ќерката мора да се соочи со својот најголем ривал со кого поминал бурно минато.

Џејсон Патрик и Брус Вилис во гангстерскиот трилер “Принцот”, недела на Прва по новото издание на црногорската емисија “Музичка индустрија”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!