Почетна / МК Сцена / Никола Тефов како нова музичка надеж

Никола Тефов како нова музичка надеж

 

Никола Тефов има само 17 години, а веќе има создадено многу успешни музички дела како и преработки кои ни докажуваат дека всушност Македонија има голем број на млади и надежни лица во областа на музиката. Тефов има изработено особено успешни преработки на познати хитови ширум светот како што се „Mirror“ од Бруно Марс и Лил Вејн, а потоа и „Skyfall“ од Адел, која ја направи заедно со Марија Ивановска. Тој, своите способности продолжува да ги користи и како резултат на тоа, неодамна на неговиот официјален Јутјуб канал се појави и неговата најнова професионална преработка на песната „Next to you” во изведба на Крис Браун заедно со сензацијата Џастин Бибер.

 

 

Имено, на 20-ти мај, 2013. на Јутјуб каналот на Sound Art Production, во којашто и се снимаше преработката во соработка со Ристе Трајковски беше објавена за пошироката јавност. Аранжманот, музиката и како извршен продуцент стои Никола Тефов, видеото е снимено од страна на Владимир Карловиќ, а видео монтажата повторно од Никола Тефов. Песната „Next to You“ во изведба на Тефов и Трајковски можете да ја погледнете подолу.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара го изостави името на земјата : Честит празник, татковино моја!

Порталот Република пишува за честитката на поп пејачката Тодевска по повод денешниот празник – денот …