Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Диетално максимално“, ново реално македонско шоу на Канал 5

„Диетално максимално“, ново реално македонско шоу на Канал 5

Од понеделник до петок на Канал 5 телевизија во 16 часот се емитува новото реално македонско шоу “Диетално максимално”.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

За потсетување, пред околу 20 години, емисија со сличен концепт одеше и на А1 телевизија, додека пак во регионот одат лиценцираните верзии на американското шоу “The Biggest Loser”, чија хрватска верзија “Живот на вагa” се емитуваше пред 2 години на Алфа телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критиката е добра работа да те освести – отец Пимен во „Нешто конкретно“

Помеѓу Ресен и Малме каде му е седиштето на Митрополтот европски Пимен, тој го одбира …

error: Содржината е заштитена!